T 50 – нов супер автомобил

Top News Занимливости Фото

Четири двојки и три нули!

 

По се изгледа дека во светот на супер богатите, милионските суми за автомобил се нормални, само автомобилот треба да е ненормален!

објавено 11 август 2020

Колекционерите и љубителите на брзи автомобили со нетрпение очекуваат некоја новост. Зада се биде колекционер на супер автомобили мора да се има дебело конто наменето за оваа пасија. Како алтернатива на McLaren е британскиот производител  Gordon Murray Automotive познат по своите екстравагантни малосериски автомобили. Најновото е суперавтомобилот Т 50, многу сличен по името на застрашувачкиот руски тенк Т55, а очигледно, исто така, многу близок по цена!

Се планира само 100 примероци да бидат направени, секој по цена од 2.222.000 евра. Неговите конструктори го гледаат Т 50 како возило кое ќе ја продолжи традицијата на McLaren F1, само ќе биде попуритански, полесен и побрз! Пред задната оска (централно) е сместен нов V12 мотор потпишан од Cosworth со 3980 ццм зафатнина, 650 КС и максимален вртежен момент од 450 Nm. Погонот се пренесува на задната оска. Со тежина од само 980 кг се добива однос моќност-тежина од 0,7 КС на килограм, што тешко го постигнуваат и многу по етаблирани производители. Техничките детали не се детално опишани бидејќи Т-50 е во фаза на проект, но важно е да се знае дека 2222000 не е телефонски број туку цената и тоа без данок! Колекционерите нема да штедат за овој автомобил бидејќи критиката веќе го прогласи за ”последниот супер автомобил со мотор на внатрешно согорување”!