Mercedes B

Свеж изглед и мноштво техника

Малку неочекувано, публиката во Париз покажа сериозен интерес за B-класата на Mercedes
Објавено на 3 октомври 2018 година

Се сметаше дека моноволуменските форми какви што има Mercedes B-класа потклекнаа под наездата на SUV-моделите, но интересот на посетителите на парискиот салон на автомобилите покажа дека не е баш така. Можеби во прашање е нешто друго, ќе кажат поклониците на марката мислејќи на сé она што како вистинска практичност им го нуди најновата генерација на компактниот турер од Штутгарт. Веројатно ќе имаат право, затоа што третата генерација на B-класата во своето нетипично пакување за еден Mercedes донесува и мноштво техника.


Mercedes B Овој модел на Mercedes кој за купувачите се бори единствено со Active Tourer изведбата на серијата 2 на BMW доби и ново лице. Иако тоа не е најбитно кај ваквите возила, неговиот впечатлив дизајн се истакнува пред сé со новите ЛЕД светла, масивната маска и задниот спојлер. Во внатрешноста каде има најмногу новости голем дел од компонентите се преземени од А-класата, што е одлично бидејќи таа има еден од најиновативните ентериери. Така возачот и патниците можат да уживаат во погледот на двојниот дисплеј и отворите за вентилација со облик на турбини, а тука е и MBUX системот со вештачка интелигенција со кој може да се управува со глас. Освен на дизајнот се внимаваше и на практичноста, па така новата B-класа брои меѓу 455 и 1.540 литри багажен простор.

За љубителите на дизелот во понуда се три моторни опции со силина меѓу 115 и 190 KS, додека двете бензински варијанти располагаат со 136 и 163 KS. Од Mercedes истакнаа дека со стартот на продажбата на почетокот на идната година B-класата ќе биде достапна и со погон на сите тркала.


Mercedes B

клучни зборови: новитети, Mercedes B

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 1

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе