Audi Q8

SUV како никој друг

Дојде моментот кога BMW X6 и Mercedes GLE Coupe ќе мора да попуштат со својата доминација во купе-кросовер сегментот
Објавено на 13 јуни 2018 година

Audi го искористи доцнењето во однос на нив и го подготви најнапредниот модел во оваа класа. Како ризница на технологиите новиот Q8 води директно потекло од досегашниот знаменосец на гамата Q7, од кој го разликува емотивниот и поспортски изглед. Демонстрира стил кој на критичарите на дизајн-стандардизацијата не им остава многу муниција. Сé е веќе видено, но Audi Q8 визуелно значително се одвојува од остатокот на гамата. Неговиот дизајн се одликува со нагласени линии. Предниот дел е помасивен но сепак добро ускладен и му дава нешто поелегантен изглед во однос на Q7. Закосениот заден дел и поголемото меѓуоскино растојание ја издолжуваат силуетата на точно 4 метри и 99 сантиметри. Германците велат дека е попростран од донаторот и конкурентите и дека нуди повисоко ниво на комфор.


Audi Q8 Во очекувано луксузната внатрешност се забележува влијанието на A8, од каде се преземени повеќе технолошки решенија. Покрај виртуелниот кокпит со дигитална инструмент табла се споменуваат и бројните системи за асистенција, но не и оние за автономно возење. Добриот впечаток го дополнува и багажникот, кој од стандардните 605 нараснува на 1.755 литри. Ваквите возила сепак не се за превоз на товар и затоа суверените возни својства му се загарантирани. При конструирањето се искористени искуствата од Cayenne, Urus и Bentayga, кои ја имаат истата платформа. Со обемната употреба на алуминиум тежината е задржана на прифатливи 2.140 килограми. Новата генерација на напредниот Quattro погон ја распределува силината напред-назад во однос 40:60. Клиренсот од добри 25 сантиметри покажува дека теренските предизвици нема да му бидат туѓи, но Q8 сепак ретко кој од купувачите ќе го вози низ кал или по камења. Посебно не ако се одлучат за опционалните 22-инчни тркала. Во поглед на моторизацијата тие на почетокот ќе можат да бираат меѓу два трилитарски мотори - бензинец со 340 и дизел со 286 коњски сили. Ќе следи најмалку уште една дизел изведба, но и plug-in модел чии карактеристики засега се завиткани во тајност. Затоа пак јасно се знае дека благиот хибриден систем со стартер-генератор од 48 волти ја намалува потрошувачката за просечни 0,7 литри.

Новиот Audi Q8 во продажните салони ќе стигне на средината на октомври. Ќе се произведува во фабриката на VW групата во Братислава, а цените засега не се познати.


Audi Q8

клучни зборови: новитети, Audi Q8

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 62,50
биодизел Б6 63,00
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии