Србија ита кон Европа со 130 km/h

Владата на Република Србија реши во иднина ограничувањето на брзината на автопатиштата во земјата да биде 130 km/h
Објавено на 11 мај 2018 година

Во иднина на автопатиштата во Србија ќе се вози со брзина до 130 km/h. Според одлуката на владата, оваа измена во законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата е донесена заради ускладување на решенијата кои се однесуваат на ограничувањето на брзината на автопатиштата со поголемиот број земји на Европската Унија. Но во соопштението за јавност не се наведува какви мерки ќе бидат преземени за да се овозможи безбедно возење со брзина која е за 10 километри на час поголема од сега дозволената, односно дали автопатската мрежа ќе биде приспособена или пак поголемата брзина ќе биде каде дозволена само на местата на условите тоа го дозволуваат со менување на сегашните сообраќајни знаци со нови.

Во Македонија веќе низa години генералното ограничување на брзината на автопатиштата изнесува 130 km/h, но ретко каде навистина ни е дозволено да возиме толку.

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 62,50
биодизел Б6 63,00
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии