Kia ProCeed

Спој на два света

Или, поинаку кажано, зошто караваните да не можат да бидат спортски?!
Објавено на 13 септември 2018 година

Kia ги објави првите фотографии од новиот ProCeed, кој во минатата генерација беше тривратен хечбек, а сега е shooting brake, односно спортски караван. Изгледот со купеовска линија на покривот навистина е нешто ново, нешто што во оваа класа, но и надвор од неа, спојува два света и веруваме дека не постои некој што ќе каже дека не му се допаѓа. На спортски нагласениот заден дел веднаш се забележуваат новите споени ЛЕД светла, детаљ што очигледно станува тренд бидејќи голем број производители го користат. Предниот дел е познат од обичниот Ceed, од каде доаѓа и приказната за внатрешноста - поголем дел од функциите се контролираат преку централниот 7-инчен екран, а за добриот звук е задолжен JBL аудио системот.


Kia ProCeed Новиот ProCeed е скоро еднакво долг како и караванската Sportswagon верзија, но е за 43 милиметри понизок од неа. Тоа резултираше со нешто помал багажник во кој собира 594 литри, а понискиот клиренс за 5 mm подобро ги истакнува спортските способности на K2 платформата. Таа одлично се согласува со 1,6 литарскиот T-GDi мотор со 204 KS и 265 Nm, кој е врв на понудата. Купувачите ќе можат да бираат и меѓу 1,0 и 1,4 литарските бензинци со 120 и 140 KS, како и 1,6 литарскиот CRDi дизел со 136 KS, спарени со 6-степен мануелен или 7-степен автоматизиран менувач со две спојки.

Овој впечатлив модел кој претставува врв на понудата на Ceed својата премиера ќе ја има на салонот на автомобили во Париз.


Kia ProCeed

клучни зборови: новитети, Kia ProCeed

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе