Mazda MX-5 Yamamoto Signature

Специјален автомобил од мајсторот Јамамото

Објавено на 17 мај 2018 година

Нобухиро Јамамото работи за Mazda 40 години, од кои повеќе од 20 посвети на моделот MX-5. Заради тоа се смета за најповикан да каже со кои чувства владее овој родстер. А тој го изрази тоа со креирање специјална серија потпишана со неговото име. Јапонскиот мајстор не смени многу - познавајќи го во душата, за него и стандардниот MX-5 е доволно предизвикувачки. Сепак сметаше дека треба да му се додаде помалку острина и рафинираност. Затоа ги замени амортизерите со специјални Ohlins наменети за тркачка и патна употреба. Според него тие ја гарантираат прецизноста на ослонувањето, што е од суштинско значење за достигнување на лимитите на моделот. Посебно на оваа верзија опремена со 1,5 литарски мотор 
Mazda MX-5 Yamamoto Signatureсо 131 коњска сила. Како дополнување, тој ги замени и сопирачките клешти - напред со Brembo, а назад Nissin. Чепна малку и на аеродинамиката, а стави и нови тркала. Внатрешноста ја облагороди со алкантара во две бои, рачно обработена од италијанските мајстори на својот занает. Наменувајќи ги за вистинските сладокусци, Јамамото-сан ќе направи само четири вакви примероци од Mazda MX-5 по цена од 37.500 евра.


Mazda MX-5 Yamamoto Signature

 

Видео

клучни зборови: новитети, видео, Mazda MX-5

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 2

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе