Toyota Aygo

Со редизајн значително подмладен

Поминаа повеќе од три години откако се појави втората генерација на Toyota Aygo. Во меѓувреме, се продадоа скоро 300 илјади примероци од него
Објавено на 16 јуни 2018 година

Дојде ред за редизајн на малиот Toyota Aygo и тој сега ќе ги освојува европските меридијани значително подмладен. Препознатливиот X-дизајнерски потпис е задржан, но разликите веднаш се забележуваат. Интегрираните ЛЕД светла и модификациите на браникот прават каросеријата да изгледа поширока. На силуетата нема поголеми зафати, додека задните светла исто со ЛЕД технологија имаат нова графика. Целокупно гледано на Aygo му е додаден малку спортски дух, посебно со опционалната двобојна шема. Внатрешноста е модерно уредена, со богат избор сериска опрема. 
Toyota AygoСекое ниво има специфични елементи, а најбогатото доаѓа со наградуваниот Toyota Safety Sense безбедносен пакет. Меѓу другото, тој содржи и систем за автоматско запирање. Aygo е задвижуван од добро познатиот еднолитарски мотор кој сега нуди 72 коњски сили. Доволни за максимални 160 километри на час, тие ќе се задоволат со просечни 3,9 литри гориво на 100 километри. Цените засега не се познати, но очекува да останат на сегашното ниво.

Малиот Aygo се произведува во заедничката фабрика на Toyota и Peugeot во Чешка.


Toyota Aygo

клучни зборови: новитети, Toyota Aygo

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе