Скопјани ќе останат без свеж леб

Чист воздух или свеж леб - тоа е изборот, и двете нема да може
Објавено на 20 декември 2017 година

Барем преку зима, бидејќи советот на град Скопје одлучи во поширокото централно градско подрачје да се забрани достава на стока меѓу 7:30 и 18 часот, во периодот од 1 декември до 31 март. Притоа не е дозволено ниту запирање и паркирање подолго од 15 минути во ноќниот период кога доставата на стока може да се врши. Одлука е донесена со цел намалување на загадувањето на градот, врз основа на препораките од минатата недела на владата на Република Македонија. Оваа одлука за која во официјалното соопштение на градските власти не е наведено дали се однесува за сите возила со кои се врши достава (камиони, комби возила, па дури и прилагодени или не патнички автомобили), за сите видови стоки (леб и свежи намирници, на пример) и за сите видови објекти во кои се доставува (продавници, детски градинки, куќна достава…) ќе влезе во сила од денот на објавувањето во службениот гласник на град Скопје.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии