Škoda Octavia IV » Се бројат деновите до премиерата

Top News Новитети Поглед во иднината

Се бројат деновите до премиерата

Судејќи според официјалните скици, новата Škoda Octavia може да стане најубав автомобил во концернот

Објавено на 16 октомври 2019 година

Љубителите на Škoda со нетрпение го чекаат 11 ноември кога чешкиот производител официјално ќе ја претстави новата генерација на Octavia. Во исчекување на новиот модел, Škoda одлучи дополнително да ја заскокотка нивната фантазија со објавување на првите скици кои откриваат во која насока има отидено дизајнот на овој исклучително популарен модел. Она што прво паѓа во очи е дека светлата повеќе не се разделени, што кај сегашниот модел се покажа како претерана промена на која конзервативно настроените негови купувачи не се баш подготвени. Предната маска сега уште поголема, а погледот на задниот дел открива издолжени ЛЕД светла. Вистина е и дека овие цртежи многумина потсетија на за број поголемиот Superb, што е аргумент плус за новата Octavia. Таа ќе ја користи платформата од новиот Golf кој ќе го видиме во четврток и токму како него ќе доживее вистинска дигитална револуција. Тоа подразбира дигитален кокпит, потполно нов централен гребен со доминантен екран и бројни конективни можности, но за тоа сепак ќе се стрпиме уште дваесетина дена.

клучни зборови: ,