Škoda Octavia » Напредна и посакувана

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Напредна и посакувана

Кратко по претставувањето, од Škoda пристигна вест дека започнало производството на новата Octavia

Објавено на 29 ноември 2019 година

Појавувањето на нова генерација на Octavia е значаен момент како за Škoda така и за Чешка како држава. Затоа и нејзината премиера се случи во националната галерија во Прага, со звуците на тамошната филхармонија. Моделот кој ја трансформираше марката од Млада Болеслава сега е поелегантен, поопремен и технолошки понапреден. И поголем секако – Octavia е долга 4,69, широка 1,83 и има меѓуоскино растојание од 2,69 метри. Уште малку па како Passat, а во багажникот и пред него бидејќи во него собира точно 600 литри. Сето тоа значи дека пространоста и практичноста се задржани на познатото ниво, што впрочем покрај цената се и најважните карактеристики на Octavia.

Изгледот е модерен и во согласност со најновиот дизајнерски правец на марката, посебно напред. Двете предни светла технички прецизно се вклопени меѓу хаубата и маската, која визуелно ја растегнува ширината на моделот. И задниот дел со своите чисти и остри линии изгледа интересно. Светлата малку наликуваат на Scala, но во тоа нема ништо лошо. Складноста на силуетата веднаш оддава дека Octavia располага со одлична аеродинамика, со коефициент на отпорот на воздухот од 0,24. Тоа значи помалку бучава при возење и поголема економичност, за што е задолжена серија нови и обновени агрегати. Понудата започнува со еднолитарскиот TSi со 110 коњски сили, кој може да се комбинира со блага хибридна технологија. Поголемиот 1,5 литарски има 150 коњи, а најсилен е дволитарскиот со 190. Има и дизели и тоа три, со 116, 150 и 200 коњски сили. Екологистите ќе бидат задоволни со тоа што во Octavia ќе се вградува 1,4 литарски плаг-ин хибрид со 204 коњи и автономија од 55 чисти километри.

Од сето ова е јасно дека Чесите уште еднаш се потрудија да ја унапредат Octavia, што се огледува и во ентериерот и опременоста. Ги нема повеќе аналогните инструменти, а скоро сé во возилото се командува со допирање на централниот екран. Секој детаљ е добро вклопен, материјалите се повеќе од квалитети а целокупниот амбиент пријатен. Дотолку што оддава впечаток на многу поскап автомобил. А колку точно ќе чини, засега не знаеме.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER