Seat Tarraco

Шпанската армада се комплетира

Seat со широки едра заплови во големите SUV-води
Објавено на 3 октомври 2018 година

После компактната Ateca и помалата Arona, Seat во Париз ја комплетираше својата SUV-армада со моделот Tarraco. Како најголем во гамата, тој е брат-близнак на Škoda Kodiaq со која ги дели платформата и погонските склопови. Но за разлика од чешката перјаница, новиот шпански претставник ќе се произведува во Волфсбург. Го доби името според латинскиот назив на каталонскиот град Тарагона, кое го избраа фановите на марката. Долг е нешто повеќе од 4,7 метри и има внатрешност која нуди навистина издашен простор за пет или седум лица. Сепак и покрај големите габарите не изгледа незграпно. Напротив, делува атрактивно и со профинети линии испреплетени со робусноста на еден SUV.


Seat Tarraco Во понуда ќе бидат две варијанти со бензински мотори - 1.5 TSi со 150 KS, 6-степен мануелен менувач и погон на предните тркала и со дволитарски агрегат со 190 KS во комбинација со 7-степен DSG и 4Drive 4x4 погон. Постојат исто така две дизелски опции, обете со 2.0 TDi мотори со силина од 150 KS (мануелен или DSG менувач и преден или 4x4 погон) и со 190 коњи само со DSG и 4x4 погон. Како и Ateca, ќе доаѓа во две изведби Style и Xcellence, зависно од тоа сака ли купувачот повеќе урбан или пак off-road стил.

Секако, Tarraco ќе има цела низа сигурносни системи, меѓу кои и препознавање на велосипедистите и пешаците. Нуди и дигитализиран кокпит со 10,25 инчен екран, додека на средина е 8-инчниот пливачки дисплеј на модерниот инфозабавен систем кој ќе го направи Tarraco први Seat со функција на управување со гестикулација. Во продажба ќе се најде на почетокот на 2019 година.


Seat Tarraco

клучни зборови: новитети, Seat Tarraco

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе