Kia ProCeed

Секси наследник на тривратниот хечбек

Kia ни даде прв поглед за тоа што може да очекуваме од новиот ProCeed
Објавено на 3 септември 2018 година

Kia ја претстави новата трета генерација на Ceed прво во 5-вратна верзија, потоа следеше караванскиот Sportswagon, додека на ProCeed останавме да чекаме како на изненадување. Сега, конечно, после доста време се ближи крајот на неизвесноста што Корејците подготвија како замена на тривратната изведба на семејниот хечбек - 13 септември е датумот за кога е закажана неговата промоција. Дотогаш ни сервираа една затемнета фотографија која треба да ни најави како ќе изгледа неговиот заден дел. А таа треба да го потврди она што се зборуваше - новиот ProCeed веќе нема да биде хечбек со три, туку shooting brake со пет врати, чиј изглед ќе биде инспириран од атрактивниот истоимен концепт од ланскиот салон на автомобилите во Франкфурт, каде се наоѓа и дизајнерскиот центар на Kia каде е создаден. Постојат информации и за другите детали, но базирани на 5-вратната и караванската варијанта, така што засега ќе биде најдобро да се стрпиме уште десет дена.

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, Kia ProCeed

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 72,50
еуросупер 98 74,00
еуродизел Д5 66,00
биодизел Б6 66,50
течен нафтен гас 34,00
метан 38,00

Фото галерии