Kia Sportage

Секогаш се може и знае повеќе

Благодарејќи на визијата и ангажираноста на домашниот импортер за возилата на најстариот јужнокорејски производител, првите балкански примероци на обновениот Sportage пристигнаа во Македонија
Објавено на 25 август 2018 година

Во салонот на Киа Моторс Македонија во Скопје веќе може да се види и проба Kia Sportage од моделската 2019 година. Со тоа најомилениот SUV на нашиот пазар во новата верзија со балканска премиера ја отвора новата моделска година, ставајќи се на располагање на македонските купувачи. Со него Kia потврди дека секогаш може и знае како повеќе да ги унапреди своите возила, и естетски и техничко-технолошки. Надворешните промени ги опфаќаат новите хромирани лајсни кои ги има под предната решетка на редизајнираниот ладилник, на праговите и на задниот браник. Естетиката е подобрена со променетата положба на долната предна светлосна група како и спојлерот, а во задниот дел особен впечаток остава долниот ребрест дифузор. Задна светлосна група го заокружува впечатокот за современата естетска целина.


Kia Sportage Облагородената содржина ќе се најде уште во основниот модел, кој од сега ќе го познаваме по ознаката Vision. Во секој Sportage сега ќе има 7-инчен LCD дисплеј чувствителен на допир во кој е вградена конективна поддршка, а која ги опфаќа двете најпопуларни платформи - Android Auto и Apple CarPlay. Дополнително, веќе во основниот модел се вградени уште и задна камера како и сензори за паркирање. За пребирливите и корисниците кои сакаат да ја истакнат својата персоналност, Kia на располагање ги презентира и повисоките пакети на опрема Advance и First Edition. Тие однадвор ќе се препознаваат по новите алуминиумски тркала од 17 и 19 инчи и задните ЛЕД светла, а одвнатре по новиот мултимедијален навигациски систем со 8-инчен екран комбиниран со JBL аудио систем и сабвуфер. Тука се уште и електрична рачна сопирачка, греењето на сите седишта и цела низа безбедносни системи. На долгата листа се наоѓаат и вградениот радар кој заедно со камерите и сензорите го снимаат патот и овозможуваат останување на коловозната лента, но и опоменуваат за промена на правецот без активирање на трепкач. Истиот систем е ангажиран и за одржување на безбедно растојание со возилото пред вас, и што е исклучително корисно за безбедноста, автономно сопираат во случај на детектирана опасност.

Во однос на исполнување на еколошките стандарди, сите бензински и дизел агрегати ги исполнуваат Euro 6D Temp нормите кои сé уште не се стапени на сила. Премиерно ќе бидат вградени новите 1.6 CRDi дизел агрегати од 115 и 136 KS, помоќниот достапен со погон на сите четири тркала и 7DCT автоматска трансмисија со двојна спојка. Во бензинските изведби достапни се агрегатите 1.6 GDi со 132 KS и 1.6 TGDi со 177 KS, исто со опции за погон на сите тркала и автоматска трансмисија. Новитет е 2.0 CRDi 48V Mild Hybrid со 185 KS, стартер-генератор и систем за регенерација на кинетичката енергија. Сите агрегати се опремени со ISG системот кој го исклучува агрегатот при работа во место.


Kia Sportage

клучни зборови: новитети, Македонија, Kia Sportage

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе