Mercedes-Benz А

Се криеше, но не се воздржа да се скрие

Со спектакуларно откривање и несекојдневна презентација, Мак Аутостар како генерален застапник на Mercedes-Benz за Македонија ни ја претстави новата A-класа
Објавено на 15 мај 2018 година

Викторија Лоба ни покажа дека новата А-класа на Mercedes не може да се скрие - ѝ прозбори, а таа ѝ одговори… Во тоа можеа да се уверат сите што случајно или намерно се најдоа во Сити мол, каде мистериозната кутија го криеше новитетот од Штутгарт. Револуција во автомобилската индустрија, повторно - тоа би било краткото претставување на првиот Mercedes способен да зборува со возачот и да ги учи неговите желби и навики. Ова е овозможено благодарение на новиот систем Mercedes-Benz User Experience (MBUX), со кој Mercedes најавува нова ера на дигиталната комуникација. Првиот разговор со новата А-класа го направи секогаш шармантната Викторија Лоба, која воедно и детално го претстави новиот автомобил, за кој истакна дека е најаеродинамичниот во својата класа и со најмногу вградени системи за безбедност во светот.


Mercedes-Benz А Што се однесува до технолошката напредност, луксузот и удобноста, таа ја презентираше внатрешноста на автомобилот кој веќе нема класична инструмент табла, туку два дигитални екрани со големина од 10 инчи и може да се ракуваат со допир, потоа внатрешност што може да се обои во 64 различни бои, а за оние што сакаат вистинско уживање може да нарачаат масажери, вградени во седиштата. Лоба зборувајќи со Mercedes A-класата, преку едноставни изговорени реченици, успеа да ја прилагоди температурата во возилото, да избере омилена радио станица, да направи телефонски повик или да го отвори сончевиот покрив.

Инаку, новата А-класа е претставена на јавноста откако претходно беше скриена во мистериозната црна кутија со тајмер, а која предизвика огромно внимание во јавноста и на социјалните мрежи. „Доаѓањето на нешто сосема ново, како што е Mercedes А-класата, автомобил што зборува со возачот значи поинаков начин на размислување, а тоа е симболиката на ова претставување, да се размислува Out of the box“, изјави директорот за маркетинг на Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.


Mercedes-Benz А

клучни зборови: новитети, Македонија, Mercedes

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 2

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе