Tesla

Саудијците извор на самоувереноста на Елон Маск

Саудиска Арабија би можела да помогне во приватизацијата на Tesla, но прашање е дали ќе сака
Објавено на 14 август 2018 година

Планот на Елон Маск да ги откупи акциите на Tesla со што би ја повлекол компанијата од берзата, бара голема количина пари. А тие во Саудиска Арабија не недостасуваат. Токму во таа насока сврте приказната откако Маск самоуверено изјави дека ќе ја приватизира компанијата. Лавината што неговата изјава ја покрена досега повлече бура реакции, меѓу кои и оние на американски регулатори на финансискиот пазар, кој сомневајќи се дека Маск (уште еднаш) свесно шпекулира со вакви изјави за да ја помести цената на акциите на неговата компанија, започнаа официјална истрага. За резултатите од неа сé уште е рано, но вестите засега укажуваат на тоа дека Маск навистина има намера да го стори тоа. Мотивот зошто не му е јасен, но главната недоумица - откаде толку пари (околу 72 милијарди долари), е разоткриена. Имено, тој веќе некое време преговарал со националниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, кој од порано веќе има околу 5% сопственички удел во Tesla.

Изборот оваа блискоисточна земја да биде главен партнер и вложувач во компанија за производство на електрични возила кога се знае дека нејзината економија наголемо се осланува на нафтата не е спорен - последните години Саудијците покренаа голема иницијатива за инвестирање во напредни технолошки проекти и компании ширум светот, а Tesla дефинитивно е еден од нивните предводници. Прашањето е само дали ќе сакаат.

клучни зборови: занимливости, Tesla

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 72,50
еуросупер 98 74,00
еуродизел Д5 66,00
биодизел Б6 66,50
течен нафтен гас 34,00
метан 38,00

Фото галерии