Samsung вели:
Полни батерии за 12 минути!

Објавено на 10 јули 2018 година

Во сенка на отворањето на најголемата фабрика на Samsung за телефони во Индија помина една вест која вели дека корејскиот гигант со полна пареа работи на својот изум кој ќе овозможи зголемување на капацитетот и намалување на времето на полнење на литиум-јонските батерии. Конкретно се работи за таканаречената графенска топка, за која Samsung прв пат извести пред половина година. Имено, додека другите компании наголемо ги насочуваат своите ресурси кон алтернативните видови батерии, во Samsung веруваат литиум-јонските батерии освен што владеат со сегашноста сé уште имаат иднина, пред сé во автомобилската индустрија. Во основа се работи за тенок слој од овој материјал откриен во 2004 година кој е скоро целосно проѕирен, но истовремено и толку густ што ни најмали атоми на гас не можат да поминат низ него. Но исто така е и добар проводник - од компанијата тврдат сто пати подобар од бакарот. Обмотан околу електродите, тој го зголемува капацитетот на батериите за 45 отсто и овозможува тие да се наполнат пет пати побрзо - конкретно за само 12 минути. Значајно е и тоа што цената му е релативно мала може да се примени на сите батерии без некои големи промени во процесот на нивното производство. Исто така е битно и дека батериите обложени со него можат да одржуваат стабилна температура од околу 60 степени целзиусови, што е апсолутно идеално за електричните возила и мобилните телефони.

клучни зборови: занимливости, поглед во иднината, Samsung

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 62,50
биодизел Б6 63,00
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии