Aston Martin DB5

Само за луѓето со златни прсти

Aston Martin ќе направи 25 примероци од моделот DB5 од филмот Голдфингер на Џејмс Бонд
Објавено на 21 август 2018 година

Нема само Џејмс Бонд да биде привилегиран да се вози со легендарниот Aston Martin DB5 - во блиска иднина таа чест да ја имаат уште 25 многу среќни луѓе. Требаше да поминат 54 години за да го дочекаат тоа, но сепак од британската компанија потврдија дека ќе биде произведена специјална серија како автентична репродукција на моделот со функционални додаци какви што имаше и бондовиот автомобил, вклучувајќи ги и регистарските таблички што ротираат и се менуваат. За да целата приказна биде автентична, автомобилите ќе се направат во истата фабрика во Њупорт Панел каде некогаш навистина се произведуваше DB5. За таа цел Aston Martin се здружи со оскаровецот Крис Корбулд, супервизорот за специјални ефекти од филмовите за Бонд. Сите примероци на специјалниот модел ќе бидат лакирани во сребрена боја како и оригиналот од 1964 година. Еден ќе чини 2,75 милиони фунти плус давачки, а првите испораки се очекуваат во 2020 година. Важно е да се напомене и тоа дека нема да бидат хомологирани за редовен сообраќај, освен за кралските тајни агенти, се разбира. Дополнително ќе бидат направени уште три примероци - по еден за продукцијата EON која е сопственик на франшизата за Џејсм Бонд и за Aston Martin, а еден ќе биде понуден на продажба за добротворни цели.


Aston Martin DB5 После Голдфингер, овој 2+2 модел се појави уште во шест филмови за Џејмс Бонд снимени меѓу 1965 и 2015 година. Најпознатиот автомобил во светот регуларното се произведуваше од 1963 до 1965 година, кога беа направени 1.059 примероци, од кои 123 кабриолети и 13 каравани во shooting-brake изведба. Располагаа со алуминиумски 4-литарски 6-цилиндричен мотор со три карбуратори и 286 KS и 5-степен мануелен или 3-степен автоматски менувач. Максимално можеа да постигнат 230 km/h, а имаа електрични стакла, два резервоара за гориво, хромирани тркала, интеркулер за масло, комплетен кожен ентериер, па дури и апарат за гаснење пожар. За потребите на снимањето на филмот се искористени два примерока - еден стандарен модел кој го возеа каскадерите, а вториот прототип со сите додатоци кој денес е изложен во Louwman музејот во Холандија. Најскапо продадениот примерок на оригиналниот Aston Martin DB5 во 2010-тата година на аукција достигна цена од 4,6 милиони долари.


Aston Martin DB5

клучни зборови: занимливости, Aston Martin DB5

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе