Сакате верувајте, сакате не - горивата поевтинија!

Објавено на 29 октомври 2018 година

И тоа значајно - бензинот за три, односно три ипол, а дизелот за денар и половина. Останувајќи доследна на својот став дека промените на цените не зависат од неа, регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија сите заслуги за намалувањето на цените на дериватите ги припиша на берзанските движења на меѓународните пазари, кои разбранувани во одделот за трговија со нафта во изминативе две недели нѝ донесоа помала просечна цена на суровата нафта за 5,72% и на референтните деривати - бензинот за 7,49% и дизелот за 3,14%. Истовремено, курсот на доларот порасна просечно за само 0,845%, што сето заедно резултираше со намалување на рафинериските цени на нафтените деривати во просек за 4,32%, а на малопродажните за 2,96%. Претворено во денари, тоа значи дека од утре па сé до 12 ноември за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 71,50 денари, за литар еуросупер БС-98 по 73, а за литар еуродизел БС Д-Е V по 67,50 денари.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе