Rolls-Royce – Dawn Silver Bullet

Вести фото галерии

Само за најбогатите 50!

 

Rolls-Royce ги објави првите официјални фотки на кои се гледа лимитираниот Dawn Silver Bullet во своето природно живеалиште – на отворен пат.

објавено 30 август 2020

Фотографиран на бреговите на езерото Гарда под зраците на италијанското сонце, Dawn Silver Bullet (Зора сребрен куршум) позираше за да се направат овие фотографии. Неговата ултраметална сребрена боја прави живописно продолжување на веригата имињата на автомобилите со ”Духот на екстазата”, како што се Silver Dawn (сребрена зора), Silver King (сребрен крал), Silver Silence (сребрена тишина) и Silver Spectre (сребрен спектар). Базиран врз класичната конфигурација на кабриолет четирисед познат како Rolls-Royce Drophead, се претвора во адаптибилен двосед, со додавање на аеродинамична прекривка Aero Cowling. Лансиран во 2020 година, Dawn Silver Bullet е современо толкување на класичниот дух на патот и возачкото искуство, нудејќи им на посветените возачи возвишена мешавина на спокојство и софистицираност со возбудливо чувство за бескомпромисна слобода. Dawn Silver Bullet е строго ограничен на само 50 примери низ целиот свет. Вие може да уживате во него преку фотографиите што ви ги нудиме во прилог.