РКЕ се правда, цената на неинформираноста ја плаќаме сите

Како се накалемува рафинериската цена на горивата што се пресметува според тајната формула наречена „Методологија“?
Објавено на 5 ноември 2018 година

Од сегашната цена на бензинот, 33,906 денари одат за рафинеријата, а 33,894 за државата. Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, во согласност со своите овластувања, правдајќи се дека од неа не зависи ништо, објави дел од формулата како се пресметува цената на горивата кај нас. Она што од порано го знаеме - дека тие зависат од берзанските цени на суровата нафта и дериватите, како и од курсот на доларот, е дополнето со нешто поконкретни информации меѓу кои сепак изостанува суштината. Пречка е заштитеноста на методологијата за пресметка со велот на државната тајна од највисок ранг, како да се работи за нуклеарен капацитет со кои можеме да започнеме трета светска војна. Македонските граѓани но и медиумите одамна дигнаа раце од обидите да се навлезе подлабоко во овој дел од тајниот договор склучен за продажбата на Окта пред девет години. Сé што сега нé интересира е како во иднина ќе се движат цените на горивата, а според достапните информации, тоа ниту од регулаторната комисија за енергетика не можат да го кажат. Притоа не мислиме на предвидување на движењата на берзите, туку на она што врз основа на нив ќе се рефлектира кај нас, односно ќе удри по нашиот џеб.

Она што со сигурност го знаеме е како се накалемува рафинериската цена на горивата што се пресметува според тајната формула наречена „Методологија“. На пример, во моментов литар бензин од 95 октани во големопродажба чини 33,906, а на бензинските пумпи 71,50 денари. Од разликата од 37,594 денари 3,20 денари за трговците, а 0,50 денари за транспортерите на дериватите. Понатаму, 0,89 денари се наменети за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, а 0,08 денари одат за финансирање на активностите во областа на животната средина. Остатокот од 32,924 денари, од кои 22,017 денари акциза и 10,907 денари ДДВ, се слеваат директно во буџетот на Република Македонија. Накратко кажано, рафинеријата (треба да) добива 33,906 денари, а државата севкупно 33,894.

Фер распределба, нема што друго да се каже.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе