Rimac C_Two (со видео)

насловна

Три, два…

Откако лани предизвика вистинска бура во сегментот на суперавтомобили, хрватскиот Rimac се подготвува за сериско производство на новиот C_Two

Објавено на 13 февруари 2019 година

Моделот интензивно се тестира и усовршува, а компанијата се екипира. Се бараат работници за повеќе од стотина позиции, а финансиската поткрепа ја обезбеди европската инвестициска банка. Rimac C_Two располага со четири електромотори со дури 1.914 коњски сили. Постигнува максимални 412 километри на час, а до првите сто забрзува за две секунди. Планирано е да бидат произведени 150 примероци од него, од кои првите би биле испорачани наредната 2020 година. Покрај своите проекти, Rimac Automobili работи на развојот и на разни возила и технологии за Porsche, Pininfarina, Aston Martin, Cupra, Renault и други.

Видео