Peugeot e-Legend

Ретро изглед и погон од иднината

Комбинирајќи ги ретро изглед и погон од иднината, Peugeot ќе ни донесе задоволство во сегашноста
Објавено на 21 септември 2018 година

Името навестува, но не треба да залажува - доста интересниот Peugeot e-Legend концепт што ќе биде прикажан на салонот на автомобилите во Париз е супермодерен автомобил со електричен и автономен погон од иднината и ретро дизајн за кој инспирацијата е земена во богатото минато на марката. Да е сериски модел сигурни сме дека ќе биде продажен хит во ова денешно дизајнерски малку стерилно опкружување, но за жал (сé уште) не е - комбинирајќи ги двете крајности, изгледа како Peugeot да се бунтува токму против тоа.


Peugeot e-Legend Конкретно, како урнек за концептниот e-Legend има послужено митскиот 504 Coupe од '70-тите години кој произлезе од перото на Pininfarina, додека за погон е задолжен електромотор со 340 kW и 800 Nm. Батеријата која располага со капацитет од 100 kWh со едно полнење ќе трае 600 километри, додека за дополнителни 500 километри би биле доволни само 25 минути да е поврзан на брз полнач. Според достапните податоци, овој 504 Coupe на иднината до 100 km/h ќе може да стигне под 4 секунди и да вози до максимални 220 km/h. Концептот е замислен како целосно автономно возило, но сепак постои режим наречен Legend каде возачот ја има контролата.


Peugeot e-Legend

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, Peugeot e-Legend

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе