Двоец од електричната гаража на Renault годинешни победници
Помалку чудна е одлуката на Европското жири COTY да ја додели наградата „Автомобил на годината во Европа за 2025 година“ и „Електричен Автомобил на годината во Европа“ на двоецот на Renault. Како и да е, Alpine A290 е прогласен за автомобил на годината за 2025 година од европското жири COTY, а неговиот донатор Renault 5 E-Tech ја понесе наградата за електричен автомобил на годината. A290 е спортски градски автомобил и го означува пробивот на спортската марка Alpine до пошироката јавност и ја воскреснува заборавената категорија на моќни мали автомобили. Гласовите на 60 автомобилски новинари од 23 земји го избраа победникот.
Дуото Alpine A290 и Renault 5 E-Tech го освоија првото место со 353 поени, наследувајќи го победникот од 2024 година, Renault Scénic E-Tech electric. Првото 100% електрично возило на Alpine, A290 е исто така првото возило на марката што ја добило наградата „Автомобил на годината“. Развиен на AmpR Small платформата споделена со Renault 5 E-Tech electric, A290 е компактен, агилен и нуди високи перформанси, лесни за користење, додека гарантира удобна секојдневна употреба. Со својот остар дизајн, првокласни технички карактеристики, ултра комплетно поврзување и бројни можности за персонализирање на возењето, A290 е новата генерација на Alpine дизајнирана да ја прифати електричната ера. A290 се произведува во Франција, а неговиот електричен мотор, има верзии со 180 и 220 КС.