Рецепт за забрзана електрификација

Велика Британија сака да биде предводник на електромобилноста

објавено на 24 ноември 2021

Не е доволно да се биде во чекор со трендовите, туку мора да се биде чекор пред нив – така размислуваат Британците и откако воведоа „зелени” регистарски таблички за електромобилите, решија да започнат со промена на законот за градба и да пропишат секога новоизградена или обновена зграда – станбена, деловна, супермаркет или што и да е – да мора да има станица за полнење електрични возила. Со тоа, сметаат тие, полесно ќе се спроведе транзицијата кон целосната електрификација бидејќи Велика Британија веќе објави дека има намера да ја забрани продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2030 година. Од оваа обврска ќе бидат исклучени единствено објектите со помалку од 10 паркинг места. Деталите за предлогот, на пример колку точно полначи на колку паркинг места и со која моќност треба да има или пак како (односно кој) и колку ќе го плаќа полнењето, не се познати – се знае само дека властите сметаат дека со ваква законска обврска секоја година ќе се отвораат по 145.000 станици за полнење на електричните возила.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER