BMW Z4

Први и искрени насмевки

Моќта доаѓа од името
Објавено на 2 октомври 2018 година

Американците имаа можност да го видат новиот BMW Z4 малку порано на настанот Concours d’Elegance Pebble Beach, а ние дури сега, во Париз. И затоа, иако не е апсолутен новитет на марката тука, извлече искрени насмевки на лицата на сите. Направен е во соработка со Toyota, со тоа што никако не можеме да се оттргнеме од впечатокот дека баварското апсолутно доминира. Тоа, секако, нималку не е лошо, бидејќи BMW има подобро педигре во изработката на вакви модели.


BMW Z4 Родстер по вокација, новиот Z4 за разлика од порано сега повторно доаѓа со мек преклоплив покрив. Малку е поголем но и полесен, а има и за оваа класа значајни 70 литри поголем багажник. Дигиталниот кокпит кажува дека е предвесник на новото време, а во понуда ќе се најде со мотори со 4 и 6 цилиндри. Најинтересна верзија, барем засега, е онаа со ознаката M40i која под долгата хауба има трилитарски шестцилиндричен агрегат со 340 KS, спарен со 8-степена автоматика. Нејзе до 100 km/h и требаат 4,6 секунди, а најголемата брзина џентлменски е ограничена на 250 km/h. За потрошувачката нема да зборуваме, ниту пак за цената. Место тоа ќе кажеме дека има електронски контролирано ослонување и диференцијал, потоа М-сопирачки, големи 19-инчни тркала и бројни детали кои прават гордо да ги носи ознаките BMW и M.

Освен споменатата верзија, новиот BMW Z4 на располагање ќе биде уште и со дволитарски четирицилиндричен мотор со 150 и 256 KS, првиот со шестстепен мануелен а вториот со осумстепен автоматски менувач. За нивно производство ќе се грижи Magna Steyr, кој за тоа одвои дел од своите капацитети во австрискиот Грац.


BMW Z4

клучни зборови: новитети, BMW Z4

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе