Tesla

Проблеми за Tesla, ама вистински

Објавено на 27 август 2018 година

Додека Елон Маск се занимава вешто пливање низ дивите финансиски води, а берзите книжат пораст или опаѓање на вредноста на акциите, Tesla има други проблеми ама вистински. Ќе споменеме два, и двата тешко сфатливи за останатите производители и нивните купувачи. За првиот подобро кажува сликата на овој Model 3 за кој сопственикот платил дури 78.000 долари - панелите на задните врати се различни, еден бел (каков што треба) а вториот кафеав (каков што имале). Вториот проблем се однесува на сите сопственици на „евтиниот“ електричен седан, кој испадна дека е сé само не е евтин - годишното осигурување за него во САД чини цели 2.800 долари, исто колку и за Porsche 911. Затоа Tesla покрена сопствена линија на осигурување под назив InsureMyTesla, но цената не се намали драстично. Плус на сé, одржувањето на овој модел е скапо и комплицирано - деловите се скапи бидејќи ги нема (тоа најдобро го знае сопственикот на претходно споменатиот примерок), а зафатите за поправка на каросеријата специфични.

клучни зборови: занимливости, Tesla Model 3

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 72,50
еуросупер 98 74,00
еуродизел Д5 66,00
биодизел Б6 66,50
течен нафтен гас 34,00
метан 38,00

Фото галерии