Rolls-Royce Cullinan

Пристигнува неговото Величество Cullinan

За една недела светот ќе биде побогат за уште еден луксузен теренец
Објавено на 2 мај 2018 година

Додека Велика Британија е во еуфорија меѓу раѓањето на новиот принц и свадбата на неговиот чичко, автомобилскиот свет е во исчекување на еден луксузен теренец. Името веќе му се знае - неговото Величество Cullinan, а презимето му е Rolls-Royce. Шпионските фотографии откриваат дека Cullinan однадвор нема да биде најелегантен или најубав SUV на светот, но внатрешноста затоа ќе ја одразува филозофијата на марката. Во неа ќе има сé и сешто - од кожни седишта до масички за коктели кои се отвораат со еден допир. Rolls-Royce Cullinan ќе биде поставен на алуминиумската платформа со назив Architecture of Luxury, на које се темели и Phantom. Впрочем, на та архитектура ќе бидат направени и сите останати модели на Rolls-Royce. Во долгата хауба ќе се најде 6,75 литарскиот V12 твин-турбо мотор со 563 KS и 900 Nm. Силината ќе се пренесува преку 9-степен автоматик, а погонот е на сите четири тркала. Повеќе за него идната недела.


Rolls-Royce Cullinan

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, Rolls-Royce Cullinan

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 2

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе