Mercedes EQ C

Премиерата за два дена

До 2022 година Mercedes ќе лансира 10 електрични возила - ова е првото
Објавено на 2 септември 2018 година

Mercedes е во одбројување до премиерата на електричниот EQ C која е закажана за вторник во Стокхолм. Овој модел беше најавен во 2016 година, со концептот Generation EQ. Оттогаш се знае дека ќе биде голем приближно колку актуелниот GLC. Серискиот автомобил во однос на концептот ќе има поинакви светла и маска. Направен е на платформа посебно развиена за електрични возила, а би требало да го задвижуваат два електромотора со 300 kW. Се очекува да има автономија од 500 km, заради што ќе биде опремен со пакет батерии од 70 kWh. За прв пат на пошироката јавност Mercedes EQC ќе биде прикажан на салонот на автомобилите во Париз, кој се одржува од 4 до 14 октомври. Производството ќе му започне идната година.

 

Видео

клучни зборови: видео на денот, Mercedes, EQ C

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 72,50
еуросупер 98 74,00
еуродизел Д5 66,00
биодизел Б6 66,50
течен нафтен гас 34,00
метан 38,00

Фото галерии