BMW X5

The Boss is Back

Новиот BMW X5 сега е помоќен, подинамичен, технолошки понапреден, но и поудобен од сите своите претходници
Објавено на 9 ноември 2018 година

Нетрпеливо чекајќи да се симне велот и за прв пат да го види новиот BMW X5, публиката во Македонија коментираше како X-гамата на Баварците се прошири на сé од 1 до 7. Но сепак оригиналот остана ненадминат и најпожелен, како порано така и сега, во своето четврто издание. Спортски но луксузен, новиот BMW X5 беше премиера но карактеристиките му беа „репризни" - веќе докажани кај претходните генерации, 
BMW X5сега однесени на ново повисоко ниво. Помоќен и подоминантен од кога било, овој теренец со заслужен прекар Тhe Boss е на пат да го отвори следното поглавје на успешната X-приказна. Со динамичниот дизајн, удобноста и најголемиот избор досега на системи за помош за возачот четвртата генерација на BMW X5 едноставно импресионира. Со изобилство иновации претставува најубедливото отелотворување на познатиот оригинал од '99-тата досега.

Ексклузивната внатрешност и нагласената спортска активност ги дополнуваат многубројните карактеристики што ги означува X-комфорот и удобноста. За поголема индивидуализација, фабрички се достапни две алтернативи на основната варијанта. xLine кој што ја нагласува многустраноста на новиот BMW X5, а дополнително M Sports пакетот ги нагласува динамичните квалитети на возилото на патот и интензивното искуство на возење обезбедено во внатрешноста. Веднаш по претставувањето, новиот BMW X5 ќе има 4 достапни мотори - два дизел и два бензински.


BMW X5

клучни зборови: новитети, Македонија, BMW X5

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе