BMW 8

Прашање е сега…

…но само сега - догодина на пазарот пристигнува серијата 8 во Cabrio и Gran Coupe верзии
Објавено на 7 август 2018 година

Закоравените љубители на BMW се на мака - што да изберат за да во моментов бидат најактуелни. Не им е лесно, бидејќи мора да се одлучат за X6 или пак за M5, кој, за беља, сега е достапен и во Competition изведбата. На нивна среќа, дилемата ќе трае кратко - догодина на пазарот пристигнува серијата 8 во Cabrio и Gran Coupe верзиите. За неа не треба многу да зборуваме - новото купе е уште еден „адут во ракавот“ на баварскиот производител, кој ќе има свои ултимативни верзии согласно пазарната логика. А таа, според систематското ширење што BMW го посакува во сегментот на луксузни автомобили, ќе ги одведе мислите на купувачите кај доведе до Cabrio и Gran Coupe верзиите кои ќе бидат претставени идната година.

Што се однесува до купе варијантата, нејзиното производство веќе е започнато и лансирањето на пазарот е закажано за ноември. На почеток ќе биде на располагање во M850i и 840d изданија, а после некаде меѓу споменатите Cabrio и Gran Coupe верзии се очекува и како вистински М модел. После сé, новата серија 8 на BMW ќе брои најмалку девет члена, и тоа веќе пред крајот на 2019-та година.


BMW 8

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, BMW 8

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • McLaren 720S Spider

    Може и без покрив

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе