Kia Ceed :: Повеќе од ново име

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Ново име и уште нешто…

Ако името само малку е сменето, другото доживеа доста промени
Објавено на 16 февруари 2018 година

На почетокот името ни беше чудно, ама се навикнавме. Сега пак ќе мора да се одвикнуваме затоа што корејскиот адут во европската компактна класа во иднина ќе ја носи ознаката Ceed, без апостроф. Причината зошто во Kia така одлучија ќе ја дознаеме на салонот во Женева идниот месец, каде третата генерација на овој модел и официјално ќе биде претставена. Засега е позната само верзијата со пет врати, на која се очекува да се придружи Kia Ceedуште еден засега мистериозен член од семејството. На прв поглед нема големи промени ни во дизајнот, кој сепак е инспириран и малку потсетува на атрактивниот Proceed концепт покажан лани во Франкфурт. За внатрешноста од Kia наведуваат дека новиот модел ќе има поквалитетни материјали, подобра ергономија и побогата опрема. И багажникот треба да биде поголем иако должината е зголемена за само два сантиметри.

Во палетата мотори на почеток ќе се најдат 1,6 литарскиот дизел со 115 и 136 коњски сили и 1,4 литарскиот бензинец со 100 и 140 коњи. Од Kia очекуваат најинтересен за купувачите да биде еднолитарскиот трицилиндричен турбо мотор со 120 коњски сили, кој за разлика од другите нема да се добива со седумстепена трансмисија со двојна спојка. Како и досега гаранцијата ќе изнесува 7 години, а цените ќе бидат соопштени дополнително.

Од првите две генерации на Ceed Kia продаде вкупно 1,3 милиони примероци.

Kia Ceed

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER