Porsche Taycan – Рекорд на Зелениот пекол

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Нов господар на Нордшлајфе!

Porsche Taycan го симна од тронот Tesla Model S за скоро три секунди

Легендарниот Нурбургринг-Нордшлајфе е мегданот каде се докажуваат автомобилите и се смета за најпрестижно достигнување да се биде таму најбрз. Управуван од на развојниот возач на Порше, Ларс Керн, потребни беа 7:33 минути за еден круг на 20.800 метри долгата патека.

Новиот  рекорд во колекцијата на Porsche е постигнат со изведбата Turbo S опремена со новиот комплет за перформанси и специјалната опрема Porsche Dynamic Chassis Control. Освен за тркалца и тркачки седишта, автомобилот остана непроменети, како и тежината која одговараше на онаа на серискиот автомобил. Комплетот за изведба вклучува тркала од 21 инчи во дизајнот RS Spyder со спортски пневматици Pirelli P Zero Corsa хомологирани за „цивилна“ употреба, но смесата што се употребува е слична на онаа на тркачките пневматици. Пакетот за перформанси ќе биде достапен од крајот на годината за сите Porsche Taycan Turbo S од моделската 2023 година и ќе чини нешто помалку од 13.400 евра.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 85.50 ден
  • еуросупер 98 - 88.00 ден
  • еуродизел Д5 - 98.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER