Porsche Panamera – Зелениот пекол вечен предизвик

Top News Видео

Повторно најбрза!

 

Како вовед во комерцијалното претставување на новата Panamera закажано кон крајот на месецов, постигнат е нов брзински рекорд.

објавено 17 август 2020

Имиџот на Porsche е исклучиво спортски. Во тој контекст се одвиваше соборувањето на сопствениот рекорд поставен пред четири години кога тогашната нова Panamera беше лансирана. Протагонистот на новата прикаска е повторно Panamera а поводот ист, но овој пат пред да започне да се продава. Нај предизвикувачката патека во светот каде развојни одделенија на многу марки имаат седиште секогаш е предизвик. Тест возачот Ларс Керн заврши целосен круг од 20,832 километри на легендарната Nürburgring-Nordschleife („Зелен пекол“) за точно 7:29,81 минути. Во официјалниот список за рангирање на Нурбургринг, ова време е нов рекорд во категоријата „горната класа“.

Возилото беше благо камуфлирано од надвор, но во внатрешноста беше поставен кафез да го заштити возачот од повреди при евентуална несреќа. Рекордното време го нагласува обемниот перманентен развој на втората генерација Porsche Panamera. Во 2016 година, Ларс Керн го постави рекордот во 550 КС Panamera Turbo возејќи ги тогашните 20,6 километри за 7: 38,46 минути. Според новиот статут на Nürburgring GmbH, овој пат мерењата беа преземени во текот на целата оддалеченост од Nordschleife од 20.832 километри. За споредба: Ларс Керн и новата Porsche Panamera веќе ги освоија 20,6 км за 7: 25.04 минути. Рекордното време беше за околу 13 секунди побрзо од пред четири години.

Видео