Поплавите во Јапонија го запреа производството на автомобили

Објавено на 11 јули 2018 година

Разорните поплави во Јапонија во кои фатално настрадаа 90 луѓе а уште 50 се водат како исчезнати, нанесоа голема штета и на автомобилската индустрија. Оваа природна катастрофа доведе до привремено запирање на производството во најмалку пет фабрики, главно во западниот дел на земјата во регионите на Хирошима, Кјото и Јамагучи. Покрај нив загрозено е и подрачјето на Осака. Извештаи за прекинато производство пристигнаа од Mazda, Nissan, Mitsubishi и Daihatsu, при што како причини се наведуваат стравувањето за безбедноста на работниците, прекинатите сообраќајни врски и проблемите во снабдувањето со компоненти. Според проценките, тешко веројатно е во текот на неделата производството повторно да биде покренато.

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 1

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе