Porsche 911 Speedster

Поглед наназад кон минатото
и нанапред кон иднината

Одбележувајќи ја 70-годишнината од својот прв автомобил, Porsche фрли поглед наназад кон минатото и нанапред кон иднината
Објавено на 11 јуни 2018 година

Porsche своето минато го претстави со специјален концепт 911 Speedster, со кој се оддава почит на духовното наследство на легендарниот модел 356. Тој се произведуваше од '48-мата до 65-тата година, кога после 76.313 примероци му го отстапи местото на 911. Неговата современа интерпретација е Speedster студија која можеби ни покажува како ќе изгледа идната генерација на 911. Верно доловувајќи ја изворната суштина на автомобилите од ова марка, спортскиот двосед се истакнува со ретро колорна шема, помали стакла и нови предни светла. Она што не се гледа се компонентите на каросеријата од јагленородни влакна, издувниот систем од титаниум и моторот со како велат повеќе од 500 коњски сили. 
Porsche Mission E Мистериозноста околу него не треба многу да изненадува, за разлика од идниот предводник на гамата електричниот Mission E. Моментот на славје беше искористен да се промовира неговото пазарно име Taycan, кое би требало да значи пргав ждребец. Дека е пргав знаеме уште од 2015-та кога беше преставен заедно со својот 670-коњски електричен погон. Способен е за забрзување до 100 километри на час за 3,5 секунди, но и за автономија од преку 500 километри. Двата електромотора му обезбедуваат погон на сите тркала, а специјалниот брз систем за полнење за четири минути ги дополнува празните батерии со енергија за наредните стотина километри. Во производството на Taycan кое ќе започне наредната година Porsche ќе вложи половина милијарда евра. Уште толку ќе бидат потрошени за електрификација и хибридизација на останата гама.

 

Видео

 

Видео

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, видео, Porsche 911, Taycan

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 2

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе