Поглед нагоре

Објавено на 9 јануари 2018 година

Не помина многу време од последното поскапување на горивата но тоа не ја поколеба регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ревносно да си ја врши работата и повторно да ги поскапи - дизелот за еден денар, бензинот од 98 октани за половина, а за чудо цената на оној од 95 октани остана иста. Така, од ноќеска на полноќ за еуросупер БС-98 ќе плаќаме по 68,50 денари за литар, за еуродизел Д-Е V по 59,50 денари, додека цената на еуросупер БС-95 останува 66,50 денари. Како причини за ова најново поскапување се наведуваат за 3,81% повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар и за 3,5% поголемата референтна цена на бензинот и за 4,53% на дизелот. Поскапувањето на горивата ќе беше уште поголемо доларот да не поевтини за 1,54% отсто во однос на претходниот пресметковен период.

Со ова најново поскапување цената на дизелот во последните три месеци порасна за 8,50, а на бензинот за 3,50 денари.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии