Побарана смена на Елон Маск

Заради низата (лажни) твитови за приватизацијата на Tesla, Елон Маск не само што заработи тужба туку е побарана и негова смена
Објавено на 28 септември 2018 година

Ќе остане ли Елон Маск на чело на Tesla? Ако се прашуваат американските берзански регулатори - не. Тие освен што му поднесоа тужба заради низата твитови за приватизацијата на Tesla, побараа и негова смена и да му се забрани да обавува директорски функции во било која компанија која котира на берзите. Имено, во текот на август Елон Маск ја извести јавноста преку својот омилен начин на комуницирање дека планира да ги повлече акциите на Tesla од тргување на берзата со тоа што ќе ја приватизира компанијата, односно ќе откупи најголем дел од акциите, и тоа по примамлива цена од 420 долари, што беше за петтина повеќе од тогашната нивна цена. Тоа, секако, предизвика раст на нивната вредност, посебно затоа што Маск велеше дека веќе ги има обезбедено милијардите потребни за тоа. Времето сепак покажа дека се прелажал (или го прелажале) и акциите на Tesla останаа на берзата, а акционерите загубија (можни) милијарди, што беше доволен повод американските берзански регулатори да покренат истрага за измама која деновите резултираше со тужба и барање за негова смена.

Јавноста пак, е поделена - дел сé уште мисли дека Маск не бил нечесен туку дека останал со прстот во уста, а друг дел, поголемиот, дека намерно го сторил тоа за да додаде уште некоја нула на своето богатство. Што мислат останатите акционери во Tesla (оние кои треба да го сменат), не е тешко да се претпостави. Како свој адут, американската комисија за хартии од вредност го наведува и фактот дека Маск објавите на твитер ги има пуштано во тек на времето на тргување на берзата, со што тој навистина има прекршено неколку американски закони. Плус, додаваат, тој за своите намери претходно ја нема известено ниту берзата, како налагаат прописите.

Во моментов акциите на Tesla се тргуваат за 307,52 долари. Елон Маск поседува околу 20% од вкупно издадените 170 милиони акции, во вредност од преку 10 милијарди долари. Целата компанија во моментов вреди 52,5 милијарди долари, што е за скоро 20 милијарди помалку отколку цената што Маск ја најави за откупување.


Elon Musk

клучни зборови: занимливости, Tesla

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе