Peugeot ве подготвува за долгото, топло лето

Што и да кажат метеоролозите, игнорирајте!
Објавено на 7 јуни 2018 година

Спротивно на она што сите мислиме, клима уредот не спаѓа во комфорната туку во безбедносната опрема. Затоа и импортерот на Peugeot за Македонија почетокот на ова лето го посвети на него - на сите возачи без разлика на која марка автомобили се поклоници им нуди проверка на клима уредот во 7 контролни точки по прифатлива цена. Лансирана под слоганот „Препуштете се на максимално уживање", со новата сервисна акција Еуроимпекс за возење во претстојните жешките летни денови нуди навремена проверка на клима уредите во возилата по специјална цена од 1.300 денари, која вклучува дополнување на клима уредот и проверка на 7 контролни точки, и тоа: визуелна контрола на каишот на компресорот на клима уредот, контрола на црева и цевки, контрола на ладилникот на клима уредот, контрола на работењето на спојката на компресорот на клима уредот (во зависност од опремата), тест на притисокот на разладниот флуид, контрола на температурата на воздухот во кабината, проверка на нивото на течности и 10% попуст на сите зафати и делови за сопствениците на возилата од марката Peugeot.

Нас ова воопшто нé не изненадува. Покрај акциите за возила, Peugeot секогаш посветува внимание и на постпродажниот процес кој е од големо значење за клиентите. Комуникацијата со клиентите и следење на историјата на нивниот автомобил е основата на работењето на сервисните центри на Еуроимпекс. Грижата за својот автомобил го прави секој сопственик одговорен кон својата инвестиција, а Peugeot е присутен во секоја точка на одржувањето.

клучни зборови: Македонија, Peugeot

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 72,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии