Peugeot e-208 – победнички поход

Вести Занимливости

Лавот го освои Рели Бохемија

На својата чешка премиера Peugeot е-208 се закити со три трофеи на рели за електрични автомобили

објавено 13 август 2020

Релијата на автомобили погонувани од алтернативни горива се можност да се претстават нови технологии, да се демонстрира квалитетот на таквите возила и да се побуди интересот на јавноста за нив. Една од ваквите смотри е Рели Бохемија на кое годинава беше со голема конкуренција. Имено, од 30 пријавени посади 25 беа регистрирани во категорија на електрични автомобили. Учествуваа 16 брендови а седум од нив се натпреваруваа во купот на производители. Оваа прилика беше искористена за националната премиера на Peugeot е-208 и тоа на најдобар можен начин. Во 700 километри долгото рели електричниот лав, мал по димензии, но со огромни перформанси триумфираше во три категории.

На плоштадот во Млада Болеслав дури три пехари се најдоа на хаубата на е-208 и тоа како победник на релито Бохемија 2020, доминираше во категоријата на електрични возила и како победник во категоријата на производители.  Пресуден фактор за освојување на трите блескави трофеи беше капацитето на батеријата од 50 киловат часови која овозможува поминување на реални 300 километри како и можноста за дополнување на батеријата со регенерација по пат на рекуперација на силата на сопирањето и при возење на надолнини. Подобар начин за промоција на автомобил на еден пазар кој, патем речено, има одличен производител на автомобили, не може да има.