Парада на елеганцијата 2018

Објавено на 31 мај 2018 година

Пролетта е најубавото време од годината. Пределите околу езерото Комо пак, најубави на јужните падини на Алпите. Кога две вакви убавини ќе се спојат, веднаш се посакува и трета. А неа ја обезбедува најексклузивниот настан во светот на историските возила Concorso d’Eleganza Villa d’Este. Се одржува уште од 1929 година и својот култен статус го стекна со строгите критериуми за избор на возилата што учествуваат. Сите се во перфектна состојба а голем дел од нив имаат и приказна со која нивните сопственици се гордеат. Нови причини за тоа годинава најмногу имаа Австријанецот Андреас Морингер со своето Ferrari од '58-тата и германскиот музеј на мотоцикли од Некарсулм со десет години постариот Moto Major. Тие меѓу педесетината возила кои парадираа пред жирито ги освоија главните награди. Присутните уживаа во незаборавната атмосфера и вечната автомобилска елеганција, традиционално закитена и со некој современ примерок. Уживајте малку и вие.

 

Видео

клучни зборови: занимливости, видео

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 72,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии