Toyota Corolla Touring Sports

Останатите стој, Corolla напред!

Новиот караван на Toyota има 598 литри багажник и старо име
Објавено на 6 септември 2018 година

Почитувани, ова е „новата“ Toyota Corolla. Наводниците моравме да ги ставиме од две причини. Првата е дека моделот што го гледате е само караванска верзија на новиот Auris претставен во Женева пролетва, а втората не треба да ви ја објаснуваме бидејќи култното име Corolla добро го познаваат повеќе од 45 милиони купувачи ширум светот. Како и да е, отсега па натаму сé што од Toyota е од компактната класа ќе се вика Corolla, а овој каравански модел конкретно Touring Sports.


Toyota Corolla Touring Sports Но, да ја оставиме семантиката настрана - нека со неа се занимаваат маркетиншките стручњаци. Она што нас нé интересира е дека караванот кој први ќе го видат посетителите на салонот на автомобилите во Париз ќе се гордее со големиот багажник од 598 литри и меѓуоскиното растојание од 2.700 mm. За задоволување на ексцентричноста на обично конзервативните купувачи на оваа марка, овој модел и овој тип водила ќе биде понуден со четири биколорни комбинации на боја на каросеријата со црн покрив, додека другото ќе го наследи од сé уште на купувачите непознатиот Auris хечбек. А тоа се новата TNGA (Toyota New Global Architecture) GA-C платформа, најпространата задна клупа во класата и селекција од бензински и хибридни мотори со силина меѓу 117 и 182 KS. Дизелите засега не се споменуваат, барем не до крајот на годинава, кога Toyota Corolla Touring Sports ќе се појави во продажните салони.


Toyota Corolla Touring Sports

клучни зборови: новитети, Toyota Corolla Touring Sports

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе