Opel Vivaro-e Hydrogen

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Хидрогенот влегува во игра

Долго годишниот развој на хидрогенската технологија доаѓа до валоризација

објавено 18. мај 2021

Неполна година од лансирањето на електричниот Vivaro, Opel најавува дека до крајот на летово ќе ја пушти во оптек неговата верзија со погон на горивни ќелии потпомогнати од приклучна батерија. Оваа комбинација е направена за заштеда на простор и зголемена автономија на движење. Благодарение на трите резервоари за водород слободата на движење достига 400 километри без да се жртвува просторот за товар кој е идентичен како верзиите со термички мотори. Достапен во две должини (4,96 и 5,30 метри), има простор за товарење до 6,1 кубни метри.

Полнењето на резервоарите водород трае три минути, време приближно како полнење на фосилно гориво. Овој погонски систем ги комбинира сите предности на нулта емисија на штетни гасови, долг дострел и краток прекин на полнење. Новиот транспортер на горивни ќелии се базира на Opel Vivaro-e, чија батерија во подвозјето беше заменета со три резервоари каде се складира водородот под притисок од 700 бари. Благодарение на опцијата plug-in, има и батерија во која има струја за дополнителни 50 километри.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER