Opel со осум нови, но без три стари модели

Corsa, Vivaro и Mokka X ќе бидат заменети, но Karl, Adam и Cascada нема
Објавено на 10 октомври 2018 година

Opel со засилено темпо продолжува со моделската офанзива исполнувајќи го PACE! планот кој предвидува производи што повеќе ќе ги задоволуваат потребите на потрошувачите и ќе бидат усогласени со сé построгите европски норми за емисиите. Исто така, гамата треба да обезбеди одржлива и успешна иднина и за компанијата и за нејзината дилерска мрежа. Така, од почетокот на идната до крајот на 2020 година ќе бидат претставени осум нови или освежени модели, инвестирајќи главно во сегментите што носат поголема продажба и во профитабилните сегменти. Први ќе бидат новата генерација на најпродаваната Corsa, наследникот на успешниот Vivaro и доставните изведби на патнички модели. Дополнителните варијанти на Combo исто така ќе се најдат во продажба. Наследникот на популарната Mokka X ќе следи во 2020 година и ќе игра клучна улога за стратегијата за проширување на процентот на продажбата на SUV сегментот на компанијата на 25 до 40 проценти.


Фокусот на сегментите со голема продажба ќе биде проширен и на сегментите што брзо растат. Така под слоганот „Opel оди електрично“ од идното лето ќе започнат да се примаат нарачки за Corsa и Grandland X PHEV кои ќе се произведуваат во Ајзенах. План е до крајот на 2020 година Opel да има вкупно четири електрифицирани модели на понуда, а до 2024-тата електрифицирана верзија на секој модел. За усогласеност со барањата за CO₂ и фокусирање на сегментите со поголема продажба, Adam, Karl и Cascada нема да бидат заменети по завршувањето на нивниот животен циклус и ќе останат во продажба само до крајот на 2019 година.

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, Opel

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе