Opel Mokka » Дојде новото време (со видео)

Дојде новото време!

Со Mokka, Opel наново се воведува себе си како производител на возила

Објавено на 24 јуни 2020 година

Дизајн од следната деценија кој покажува сè што означува марката – во минатото, денес и во иднината. Возбудливо, достапно, германско на најпрогресивен начин – првите реакции за новата Opel Mokka се движат во тие насоки. Иако Германците сé уште сокрија добар дел од нејзините технички детали, најважното се знае – базирана е на енергетски флексибилната CMP платформа на PSA групата, што и овозможува покрај конвенционалните бензински и дизелски мотори да има и чисто електрична изведба. Токму од неа се очекува да биде во фокусот на интересирањето на јавноста. Основните информации за неа се познати – електромотор од 136 KS и 260 Nm и батерија од 50 kWh која ќе дозволи автономија од 322 km. Тие имаат гаранција од осум години, а за полнење на 80% од капацитетот на брз полнач од 100 kW се потребни 30 минути.

Кај гамата мотори со внатрешно согорување не би требало да има изненадувања – тие се познати од братските DS3 Crossback и Peugeot 2008. Тоа се бензинците 1.2 PureTech со 100, 130 и 155 KS и Blue HDi дизелите со 100 и 130 KS. Некои од нив ќе бидат достапни и со осумстепен автоматски менувач, ама никој со погон на сите четири тркала. Покрај платформа и гамата мотори, Opel Mokka има и нов, значително помодерен дизајн кој малку, ама само малку потсетува на првата Manta. Опишан како Opel Vizor, тој како кацига ги интегрира маската, светлата логото на марката во еден единствен модул. Навикнете се на него без разлика дали ви се допаѓа или не, бидејќи ќе го гледаме на сите идни модели на марката.

За Opel Mokka може уште да се зборува. И ќе зборуваме, ама како за прв пат доста е.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER