Популарниот кросовер на Opel отсекогаш имал моќен карактер, а неодамна е збогатен уште повеќе.
Шмекерската Mokka значајно се издвојува од своите конкуренти преку изострениот дизајн. Сега доби три нови бои кои уште повеќе ќе го привлекуваат вниманието.
Сината Kolibri и зелената Tropikal, обете создадени ексклузивно за Mokka, како и еднобојната сива Graphik, со карактеристичен контраст со опционалниот покрив обоен во црн Karbon и опционалниот црн капак на моторот, формираат смел контраст.
Сината боја Kolibri е стандардна и за неа не треба да се доплаќа. Ако сакате да бидете малку подискретни а подеднакво карактеристични, можете да се одлучите за сивата Graphik, која ги истакнува контурите на новата Mokka.
За оваа и за сите други бои се доплаќа. Сакајќи да се заштедат ресурси Opel се откажува од хромирани елементи и дизајнерски апликации на каросеријата, додека во ентериерот се користат ткаенини и навлаки направени од материјали со рециклирана содржина.
Невообичаена, оригинална и секогаш високо ефикасна, покрај напредните технологии и изборот на погони, карактеристичните нови бои ќе придонесуваат за естетското искуство што го дава Mokka.