Opel Astra 2021

Вистинскиот почеток почнува во 2021-тата

Објавено на 1 октомври 2018 година

Веќе сега неколку модели на Opel се под дебело влијание на PSA групата, но вистинскиот почеток на фузирањето на двете компании ќе започне со пристигнувањето на новата Opel Astra кое е планирано за 2021 година. Претходно ќе ја видиме и Corsa, која исто така ќе биде заеднички производ, но влијанието врз неа нема да биде така изразено како и она врз Astra бидејќи нејзиниот развој започна во времето кога сé уште не беа јасни ниту заедничките работи ниту разграничувањата меѓу двете компании во пазарниот настап.

Затоа и Astra, посебно што е претставник на помоќниот европски Ц-сегмент, ќе биде првиот навистина вистински заеднички производ на Opel и PSA. Како таков секако ќе биде базиран на EMP2 платформата која веќе се среќава кај бројни модели на групата, меѓу кои и новиот Grandland X. Благодарејќи на неа, новата генерација на Astra ќе може без никаков проблем да ги користи бројните погонски склопови на францускиот гигант. Така, покрај традиционалните бензински агрегати седмата генерација на Astra ќе ги има француските дизел мотори, а секако, освен конвенционалните погонски групи ќе биде во можност да добие и plug-in хибриден погон. Дали навистина ќе го има сепак зависи од пазарните околности кои ќе владеат во времето кога ќе се појави. Што се однесува до дизајнот, новата Astra ќе има подинамичен изглед од сегашната генерација, со одредени стилски детали преземени од новиот GT Experimental концепт. Димензиски најверојатно ќе остане иста, во склоп на габаритите одредени со должината од околу 4,35 метри.

Секако, сето ова е далеку од официјално, но меѓутоа пред потполно новата генерација да пристигне на пазарот, Opel (заедно со Vauxhall) ќе ја претстави освежената верзија на сегашниот модел кој егзистира веќе три години. Со оглед на тоа дека Opel не учествува на претстојниот салон на автомобилите во Париз, се очекува тоа да се случи пред крајот на оваа година.

клучни зборови: занимливости, поглед во иднината, Opel Astra

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 1

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе