Opel се подготвува за Франкфурт » Три светски премиери

Три светски премиери

Новите Astra, Corsa и Grandland X Plug-In Hybrid ќе го означат враќањето на Opel на автомобилските салони

Објавено на 20 август 2019 година

Откако ги прескокна Женева и Париз, Opel се подготвува за своето враќање на автомобилските салони со три светски премиери што ќе ги претстави во Франкфурт – Astra, Corsa и Grandland X Plug-In Hybrid. Најсвежа меѓу нив е обновената Astra која ќе настапува со благо изменет дизајн со унапредена аеродинамика, комплетно нова генерација на мотори и новоразвиени менувачи. Со тоа овој компакт ќе ги предизвика најефикасните и најекономичните во својата класа, при што како адут ќе ја има и за 21% намалената емисија на јагленород диоксид. Ефикасна секако е и новата Corsa, која за првпат ќе настапува со целосно електрична верзија која има автономија од 330 километри. Пријателски расположена за околината, но и со намера целосно да ги задоволи барањата на своите сопственици ќе биде и новата верзија на Grandland X Hybrid4 чиј погонски склоп до 300 KS и погон на сите тркала ја сместува на врвот на СУВ семејството на Opel. Во походот по вниманието на публиката ним ќе им се придружи и Zafira Life, која ќе го има својот прв настап пред германската публика.

Извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер, за настапот на марката во Франкфурт рече: „На IAA ние во Opel ќе покажеме како иднината на автомобилот ќе стане реалност. Се фокусираме на клиентот и нивните потреби и го нудиме целото портфолио на мотори – од електричен и хибриден погон до ефикасни мотори со внатрешно согорување. Сите нови модели се опремени со најсовремени технологии и веќе се достапни за нарачка“.

Годинешниот меѓународен салон на автомобилите во Франкфурт ќе трае од 12 до 22 септември.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER