Opel GT X Experimental

Огледало кон иднината

Погледот кон GT X Experimental ја прикажува идната инспирација на дизајнерите на Opel за целата гама
Објавено на 24 август 2018 година

Покажувајќи ја насоката во која ќе се движи стилското изразување на марката, најновиот концепт на Opel храбро пркоси на неизвесноста за која минатата година многумина дека ја зафати дизајнерската иднина на гамата од Риселсхајм. Затоа и одговорните нестрпливо го чекаа моментот кога ќе го стават на увид на јавноста овој концепт. Тој момент дојде и концептот GT X Experimental веќе не е тајна. Бевме таму и од прва рака се уверивме колку неговите творци се задоволни како со создаденото, така и со иднината што ја најавува. А таа, секако, е електрична.


Opel GT X Experimental Иако во облик на мал кросовер, GT X на германската компанија ќе послужи како своевиден дизајнерски модел, односно мустра за тоа како во блиска иднина ќе изгледаат сите нивни модели. Највпечатлив дизајнерски елемент недвојбено е маската, за која дизајнерите ја најдоа инспирацијата во обликот на визир на кацига. Околу неа во складна целина на предниот дел се обединети диодните матрикс фарови, осветлениот Opel-ов амблем и камерите и сензорите на напредните системи за помош. Интересно е дека и после слабиот прием кај Meriva, во Opel се одлучија на Experimental концептот назад да му вградат врати кои се отвораат наопаку. Слично како и надворешноста, и ентериерот на GT X Experimental е дефиниран со чистите површини на таканаречениот Pure Panel пристап.

Овој електричен субкомпактен SUV долг 4,06 метри има литиум-јонска батерија од 50-киловат-часа со можност за индуктивно полнења. Други детали, конкретно за времето на полнење, перформансите и автономијата засега нема. Сепак е истакнато дека меѓу многубројните системи требала да се најде и автономното возење од трето ниво.


Opel GT X Experimental

 

Видео

клучни зборови: ексклузивно, поглед во иднината, видео, Opel GT X Experimental

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе