Одморите завршија, горивата поскапеа

Објавено на 3 септември 2018 година

Летото дефинитивно нé напушти - регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ги зголеми цените на горивата. Според нивната одлука, за нафтените деривати кај нас од утре во просек ќе плаќаме за 2,33% повеќе, што значи дека литар еуросупер БС-95 ќе нé чини 72 денари, литар од 98-октанскиот БС-98 два денари плус на тоа, а литар еуродизел Д-Е V 64,50 денари. Според нашите антимонополски редари „заслугата“ за пост-годишноодморското поскапување на горивата ја имаат берзанските цени - онаа на суровата нафта која во изминатиот 14-то дневен период порасна за просечни 5,127%, на бензинот во просек за 2,89% и на дизелот за 3,67%. Благо позитивно влијание имаше опаѓањето на цената на доларот, кој во однос на денарот поевтини за 0,737%. Согласно тоа и влијанијата на овие елементи според прочуената но непозната Методологија, извршено е соодветно прилагодување на цените на нафтените деривати во Македонија.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 72,50
еуросупер 98 74,00
еуродизел Д5 66,00
биодизел Б6 66,50
течен нафтен гас 34,00
метан 38,00

Фото галерии