BMW 3

Ново, поново, BMW серија 3

Пристигнува во октомври, но веќе сега доста се знае
Објавено на 16 август 2018 година

Седмата генерација на BMW серија 3 е подготвена на зачука на вратата. Премиерата ќе ја има на парискиот салон, но веќе сега доста се знае за овој најважен за BMW модел, кој за прв пат на пазарот се појави во 1975 година. Нема значајно да биде поголем од досегашната генерација, но со умна конструкција ќе понуди поголема пространост и подобар комфор, а обилната употреба на алуминиум и челик со висока цврстина во просек ќе го олесни за 55 килограми. Тоа, освен перформансите, ќе придонесе и за намалување на потрошувачката, за што исто така голема улога ќе има и одличната аеродинамика со коефициент на отпор на воздухот од само 0,24.


BMW 3 Во согласност со традицијата, при конструирањето на новата серија 3 акцентот е ставен на динамиката. Напредната платформа со тежиште пониско за 10 милиметри ќе го направи новиот модел постабилен и побрз, а ќе го добие и најсилниот 4-цилиндричен бензински мотор било кога ставен во некој модел на BMW. Перформансите сé уште не се познати, но нема сомнение дека Баварците ќе го испорачаат тоа што го ветуваат. Носител на продажбата меѓу бензинците ќе биде новиот 3-цилиндричен 1,5 литарски мотор со 150 KS, додека најпопуларниот меѓу дизелите, 320d, ќе биде засилен на округли 200 KS. На љубителите на спортот наменета е изведбата M340i xDrive набиена на 380 KS, а идниот M3 под хаубата ќе го има доработениот 3-литарски турбо 6-цилиндричен мотор со 475 KS, кој веќе дебитираше во X3 M.

 

Видео

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, видео, BMW 3

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 72,50
еуросупер 98 74,00
еуродизел Д5 66,00
биодизел Б6 66,50
течен нафтен гас 34,00
метан 38,00

Фото галерии